Книга: 399 – Фредерик Бегбеде

Во оваа книга ја раскажува приказната за парискиот монден Октав Паранго, ненадминат првак во креирањето на реклами, којшто поминува низ лош период во животот. Неговиот талент страда од претерано консумирање кокаин, трошење пари, лесни девојки и непреспани ноќи. Живеејќи ја современоста до крај, овој млад човек ќе се најде во вртлогот на животот и решава да застане за миг и да се обиде повторно да го најде вистинскиот пат, да ги состави растурените делчиња од неговиот мозаик наречен живот, притоа, на духовит начин согледувајќи го овој истовремено трагичен и комичен свет во кој (сме присилени да) живееме. Прекумерна критика или документирана реалност – како и да ја доживеете оваа книга, нема да им одолеете на духовитите забелешки на сметка на светот во кој живееме, затрупан со рекламни спотови што ни ги диктираат животните идеали.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.