Класичен рекет, за два месеци казнети преку 70 кавадаречки фирми од УЈП

Во општина Кавадарци за овие нецели 2 месеци, Управата за Јавни Приходи е на ниво на своите обврски.УЈП или кај граѓаните попозната нако Управа за Јавни Линчови, секојдневно се активни на терен, и тоа не само кавадаречките инспектори, ами имаат асистенција и од колегите од Велес и Скопје.

Преку 70 компании од општина Кавадарци се казнети од УЈП по разни основи.Казните во просек се движеле околу 3200 евра.Некои се казнети заради 10 денари повеќе во каса, некои заради неплатена радиодифузна такса, некои за прекувремено работење, некои затоа што не бил спонзор на партија, некој затоа што со прст чепкал у носот…Едноставвно нема прошка, нема милост.Кај стигнат, на која врата да тропнат, без казна не излегуваат.

Преку 200 000 евра се наполнила државната каса само од казни изречени на бизниз заедницата само во Кавадарци.Пари, со кои “фамилијата” ќе си обезбеди уште еден нареден претседателски или било каков мандат.И потоа, се по старо.

Ако направиме коктел следните 3 работи: задолжувањето на Владата кај Република Кина од 500 милиони долари, заемот кој сака да го земе оптина Кавадарци од Светска Банка во висина од 780 000 евра и плус секојдневниот терор и рекет кон бизнис заедницата и обичниот граѓанин, во тој случај целта ги оправдува средствата. 

А од искуство знаеме дека овде на избори не победуваат шармантните, интелигентните, едноставно лица од граѓаните и за граѓаните.Овде избори се добиваат со пари.И тоа многу пари. 1/3 од парите на маса и 2/3 под маса.И нека им е честита.

Leave a Reply

Your email address will not be published.