КК „Урбан инвест“ од Кавадарци со 12 златни медали на меѓународниот турнир „Златен појас“ во Чачак
КК Урбан Инвест – Кавадарци учествуваше на 43- Меѓународен натпревар Златен појас на Чачак, кој се одржа на 05.04.2014 година, во Чачак. На натпреварот учество земаа над 800 натпреварувачи од 96 клубови од Македонија, Србија, Црна Гора и Босна.
Карате клубот Урбан Инвест со 12 златни, 3 сребрени и 2 бронзени медали прв на ранг листата во кати и во севкупниот пласман на натпреварот од 96 клубови, за што му беа доделени 2 пехари, најуспешни во кати и најуспешни во генерален пласман кати и борби. Покрај тоа му беше доделено одличјето „Златен појас„ – севкупен победник за пионери и надежи.
Екипата која го пласира карате клубот Урбан Инвест на највисокиот пласман на овој натпревар беше во следниот состав: Владанка Аврамова, Ивона Муфтарова, Миа Маневска, Петар Аврамов, Игор Јовков, Блаже Коневски, Моника Коцх, Марија Ѓорѓиева, Кристина Тодорова, Тамара Манева, Јована Манева, Кристијан Стојев, Цветанка Стојева, Александар Стојков и Данка Стојкова.
Златни медали:
1. Владанка Аврамова-кати поединечно 2002 година А класа .
2. Владанка Аврамова-кати поединечно 2002 година апсолутно ниво.
3. Блаже Коневски – кати поединечно 2001 година Б класа.
4. Моника Kоцх – кати поединечно 2001 година Б класа.
5. Кристина Тодорова – кати поединечно 2001 година Д класа.
6. Ивона Муфтарова – кати поединечно 2002 година Б класа.
7. Игор Јовков – кати поединечно 2002 година Д класа.
8. Петар Аврамов-кати поединечно 2004 година А класа.
9. Петар Аврамов-кати поединечно 2004 година апсолутно ниво.
10. Ката тим девојки 2002 година во состав: Владанка Аврамова, Ивона Муфтарова и Миа Маневска.
11. Ката тим девојки 2001 година во состав: Моника Коцх, Марија Ѓорѓиева и Кристина Тодорова.
12. Ката тим машки 2004 година во состав: Петар Аврамов, Кристијан Стојев и Филип Гурев.
Сребрени медали:
1. Цветанка Стојева – кати поединечно 2004 година Е класа.
2. Кристијан Стојев – кати поединечно 2004 година Е класа.
3. Марија Ѓорѓиева – кати поединечно 2001 година Д класа.
Бронзени медали:
1.Филип Гурев – кати поединечно 2005 година Е класа.
2. Ката тим женски 2005 година во состав: Цветанка Стојева, Данка Стојкова и Јована Манева