Kинеска конкуренција на Apple – Xiaomi

Xiaomi има дизајнирано сопствен Android ROM, наречен MIUI, за кој исто така дизајнира посебни апликации. За таа намена, создадена е MIUI Store, која веќе достигна 1 милијарда симнувања за само 391 ден! Чисто за споредба, Google Play Store ја оствари оваа бројка за нешто помалку од две години, додека пак Windows Phone Store го оствари истото за 865 денови (2 години, 4 месеци и 11 ден). Секако, денес App Store и Play Store имаат над 50 милијарди симнувања.

Наијимпресивниот дел е што Xiaomi има огромна конкуренција во Кина, хардверски и софтверски, но лесно се справува со неа. Од самото лансирање на MIUI Store, досега има над 17 милиони активни корисници кои симнуваат над 5 милиони апликации дневно. Дополнително, компанијата преговара со Hugo Barra, потпретседателот на Android, за да премине во Xiaomi и да помогне со глобализацијата на компанијата.

Да се надеваме дека телефоните од Xiaomi, односно оние најдобрите модели, ќе пристигнат во блиска иднина во Македонија!

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.