Кежаровски е на слобода, уште една добиена граѓанска рунда на “шаховската табла”

Со ова се отфрли жалбата за обвинителството на првостепената одлука на Кривичниот суд, пренесува А1ОН.

Кежаровски не се враќа во истражниот затвор „Скопје“, каде што требаше да издржи уште три месеци од казната. Кежаровски во моментот е на слобода, бидејќи, по барање на директорот на затворот, а по дозвола на Управата за извршување на санкциите, минатиот месец, доби прекин на издржувањето на казната во рок од 30 дена, а како што објаснија, од здравствени причини.

Апелација му ја намали казната на Кежаровски од четири и пол на две години затвор. Според новинарските здруженија сметаат дека единствената праведна пресуда е ослободителната, бидејќи новинарот нема никаква вина.

Leave a Reply

Your email address will not be published.