Кежаровски избран за потпретседател на ЗНМ

Тој за член на Управниот одбор на ЗНМ беше избран на последното Собрание, кое се одржа кон почетокот на декември мината година.

Кежаровски во притвор се најде во мај 2013 година за сторија пишувана пет години претходно за магазинот Репортер 92. Во ноември 2013 година осуден е на 4 ипол години затвор, а додека ја исчекуваше одлуката на Апелација, беше во домашен притвор.

На 15 јануари Апелационен суд му додели две години затвор, а неодамна доби условен отпуст.

Управниот одбор на ЗНМ исто така избра Комисија за доделување на наградите на ЗНМ за животно дело и за истражувачка сторија. Во наредните денови Комисијата ќе објави оглас со кој ќе се повикат новинарите да се пријават за новинарските награди.

На седницата членовите на Управниот одбор избраа и Комисија за членство, за правни прашања и за бенифиции.

 

Извор Плусинфо

Фото: Ванчо Џамбаски

Leave a Reply

Your email address will not be published.