Кежаровска до Миленко: Не очекував ти, бивш затвореник, да го оцрнуваш Томче

„Чудно ми е како здружението на судии, или на јавните обвинители, или оноа на адвокатите, или пак здружението на археолозите не се сетија да протестираат пред Основен 1? Не се сетија ниту во Парламентот да поделат маички. Нема маичка со текст “Слобода за Тица”?“, напиша Неделковски во својата колумна.

Во продолжение следува и одговорот од Марина Кежаровска:

„Миленко, најмалку оцекував ти да го оцрнуваш Томче. Ако си заборавил јас ќе те потсетам дека и ти си бивш затворник. Осуден, ама осуден за вистинско криминално дело. Ако Томче не те споменеше во текст ќе те заборавеа во притвор. Споменувајки те во текст од човечки аспект барем од кажувањата на мојот сопруг дека не е во ред да бидеш таму и никој ништо да не прави за тебе одлучи да пишува… Еве како му враќаш.

А тоа што го поврзуваш Томце со Тица , и го нарекуваш “новинар -рекетар” кога би било тоа така, барем ке ни беа сметките за струја платени во ЕВН, во Вододов и др. и намаше да имам проблем со тоа и да се срамам пред комшиите. Се бори за гола егзистенција од една плата да си го одржува семејството онака чесно. Воопшто не е виновен што Тица живее само неколку куќи одалечен од нас, по случајност да ни биде комшија. Како и сите други комсхии кој го сретнуваат и го поздравуваат Тица.

Кажуваш големи зборови. Повеќе нема да навлегувам во твоиве свињарии. Ќе излезе и Томче, кога и да е, се надевам ке има самиот да ти каже многу повеќе. Не очекувам од човек како тебе да има разбирање за семејство, за дете и како сето тоа влијае на нас, бидејки ја немаш почувствувано топлината на семеен дом, Томче го има тоа!

А сега пукај колку можеш повеќе … Спремни сме да поднесеме се и да издржиме. Горди сме на него, Томче не е криминалец туку сосема обичен човек“, напиша Кежаровска.

Извор Либертас

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.