Ќе се урива диво-изградената тераса на ВМРО-ДПМНЕ

Ќе се урива диво-изградената тераса на ВМРО-ДПМНЕ, соопштува инспекцијата на општина Центар која констатира дека објектот на ул. “Ѓуро Стругар“ ББ е пуштен во употреба, без претходно издадена употребна дозвола. Станува збор за зградата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

„По предлог на овластениот градежен инспектор на општина Центар, градоначалникот на општината го поништи решението во тек на градба за седиштето за објектот на ул. “Ѓуро Стругар“ ББ, во кој едниот дел е наменет за деловни дејности, а другиот е хотелски комплекс. Објектот за деловни дејности е, всушност, седиштето на партијата ВМРО-ДПМНЕ. По одлуката на градоначалникот, ќе следува решение за отстранување на диво-изградената тераса“, стои во соопштението на општина Центар.

Градежна инспекција на општина Центар излезе на лице место и направи увид, при што е констатирано дека не се работи за настрешница, туку за тераса која е изградена без одобрение. И од проектот на “Бетон“ се гледа дека се работи за тераса, бидејќи на проектот е нацртан човек кој се движи по терасата и влез од терасата кон внатрешноста на објектот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.