Кавадаречка (не)зрелост ќе ги брани криминалите на Груевски!

пишува Кире Бебеџаков

Денес, на овој пресветол сончев ден, група (најверојатно) припадници на човечкиот род, поддржувачи на криминалите на демохристијанската ДПМНЕ, на нивниот фирер Груевски, на Мијалков и на останатата флора и фауна од оваа партија, ќе протестираат низ светите улици во општина Кавадарци.

Од партискиот штаб на ДПМНЕ во Кавадарци јасно и гласно им е пренесено на сите членови (чија кичма веќе подолго време им е оставена на ладење во фрижидерот за длабоко замрзнување), да урлаат тие постојано “Македонија, Македонија…” а притоа да не се ниту обидат  да прашаат “Зошто по ѓаволите го правиме ова?”.

И самите (за жал) притутни знаат дека ќе бидат извлечени на улица затоа што така им е наредено од партија. Ќе излезат затоа што им е така сугерирано од партиската врхушка, затоа што отсекогаш така и било, затоа што не знаат сами да превземат иницијатива за апсолутно ништо!
На овој, таканаречен протестен марш во Кавадарци, ќе има задолжително присуство на задоволителен број на зависници од народни пари, тендери, “нишај врата-земај плата” партиски испрдоци, попови, чуда и врагови.

Темата на протестот ќе биде најверојатно за чиста Македонија, еднонасочна а не двојазична, унитарна ама само на Македонците, мултиетничка ама не премногу, за чиста Македонија, еколошки здрава со органски производи  и еко акција за садење зимзелени “дрва”. Иако Македонија изобилува со “дрва” на секој чекор, “дрво” плус е и те како добредојдено.

И постојано и повторно истата приказна се врти во круг каде треба да си ги извадиме на маса и да си ги мериме, чиј е поголем: мојот или твојот, нашите или пак вашите примитивни патриотско-предавнички способности.

Веќе кога сме кај хероизмот, историјата и фактите велат дека најголемиот дел од оние кои ќе се појават на овој севишен библиски собир биле сокриени како игла во сено кога за време на владеењето на нивниот пастир од ДПМНЕ, само пред неколку години односно во месец февруари, 2013 година, беше направено едно од најголемите велепредавства на овие простори, (кога сме кај предавниците нели и кај патриотите!) во општина Кавадарци и Македонија, каде лицето Талат Џафери, припадник на УЧК беше назначен за министер за одбрана на РМ токму од лицата “патриоти” Груевски и Иванов.

Истата оваа партија т.е нејзините криминални структури се одговорни  за масакрот кај Смилковското езеро кога крвнички беа убиени млади деца, кога токму на нивна прослава беше убиен Мартин на плоштадот во Скопје, одговорни се за велепредавството и исценираното драмско дело кога се случи Диво Насеље во Куманово каде загинаа неколку припадници на МВР.

Оние лица кои имаат намера денес да излезат на протест во Кавадарци, без разлика дали станува збор за партиски поданик, или пак лешинар кој ждере и сере на грбот на граѓаните, или пак заскитан припадник на изумрениот македонски ендем “лозар”, дали барем на еден од нив им текнало по партиските подруми кога прават фешти, чајанки и собири, барем еднаш некој ги прашал нарачателите на овие протести каде беа изминативе десет години кога се кршеше државниот устав, кога се крадеше државната каса, кога се изнесуваа милијарди евра народни пари, кога се работеше и празник и делник за 250 евра, кога имаше проблем со откупот на грозје, кога компании не трујат секојдневно, зошто улиците постојано се раскопани, зошто кршиме автомобили… Сте ги прашале каде беа до сега да излезат на протест по било која од горенаведените теми? Не сте прашале или не смеете да прашате?

Еве јас знам, знаат и многумина кои нема да дојдат денес со вас и да “јадат” срам, срам за себе, за своите деца за името на своите фамилии. Во најтешките моменти на ова парче земја, вистинските македонски херои беа на браникот на вистинската државата, додека пак, чеда мои,  лажните патриоти се гребеа по штабови и канцеларии за партиска повисока позиција, државна плата, субвенции, тендери и јавни набавки за да можат денес да урлаат “Македонија, Македонија…”.
Отворете очи и разум! Бидете паметни! На овие нарачани протести за спас на кожата на Грујо, Хорхе и остала криминална структура, нека се ругаат само ликови кои исклучиво си ја штитат удобноста во државната плата, криминални функционери на ДПМНЕ, пратеници од ДПМНЕ, градоначалници од ДПМНЕ со дебели злосторнички досиеја, фашисти на кои крајот им дојде, крај во агонија кога треба да се појават пред лицето на правдата, пред македонскиот независен Специјален Суд! Останете настрана! Ова не е вашата битка!

Седни во некоја од градските кафани, испиј го попладневното кафе, чешај си го меѓуножјето, запали цигара, гледај сеир, дружи се, покажи со прст кон миризливата група која поминува (внатре има концентрација од “гомна” кои те крадат тебе, мене, сите нас)! Да раскажуваме на идните генерации за тоа до каде може да отиде глупавоста на кавадаречката и македонска единка!

Биди граѓанин на Кавадарци! Биди урбан лик! Не биди идиот! Ти си измачен и напатен човек! Остави ги Цано, Панчо, Горица и останатите транзициски и партиски профитери да гнијат и скапуваат во сопствената беда и мизерија! Немој да бидеш топовско месо! Нека се јадат тие меѓусебно! Крајот се надзира! Крајот го краси (зло)делото!

Leave a Reply

Your email address will not be published.