Мертенс доаѓа, Кавани си оди од Наполи

“Добивме информација од многу влијателен член на клубот дека Кавани ќе се пресели во Челзи за 58 милиони евра. Согласност за тоа дал Рафаел Бенитез.  Кавани ќе заработува 8,5 милиони евра годишна плус 100% од продажбата на навивачки реквизити со неговото име”, соопшти радиото.

Интерес за Кавани имаше и од Реал Мадрид и Манчестер Сити, но Челзи беше најконкретен во преговорите и прв стигна до неговиот потпис. Во неговиот договор со Наполи постоеше откупна клаузула од 63 милиони евра, но Наполи се согласи на нешто помала сума, слично како при ланскиот трансфер на Езекиел Лавеци во ПСЖ.

Агентот на Кавани, Клаудио Анелучи не го потврди трансферот, но и не демантираше дека се воделе преговори со Челзи.

Белгискиот репрезентативец Дриес Мертенс од следната сезона ќе биде член на калчолигашот Наполи, а клубот ќе го напушти Уругваецот Едисон Кавани кој заминува во Челзи јавуваат медиумите во Италија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.