Кавадаречкиот бизнис сектор ем го “јаде” стапот, ем не му даваат да плаче

Кавадаречките бизнисмени мака мачат кога е во прашање наплатата на финансиските средства од страна на буџетот на општина Кавадарци.На голем дел од нив, стравот им е навлезен длабоко под кожа што се тотално инфериорни. Повеќето од нив се плашат да влегуваат во конфликт со власта од причина што не сакаат секојдневно на нивното звонче да звонат локалните инспекциски служби. Сепак не се сите (како што велат граѓаните) без кичмa.Има некое светло на крајот од тунелот.

Имено, на седницата на Советот на Општина Кавадарци која беше одржана на ден 29.08.2013 год. беше донесена и изгласана Одлука за одобрување на финансиски средства во висина од 400 000 денари на фирмата Сам-Вел Компани од Кавадарци за вршење на услуга – автобуски превоз на сите граѓани од Општината на релации Ваташа-Кавадарци-Глишиќ-Марена-Сопот. Оваа услуга се врши 2 пати во денот со исклучок на некои денови за време на летните годишни одмори.

Оваа одлука советот ја донесе како резултат на реакциите на Сам-Вел Компани за неиспочитување на договорот склучен помеѓу Сам-Вел Компани и Општина Кавадарци според кој трошоците за овој бесплатен автобуски превоз изнесуваат 800 000 денари на годишно ниво. Овој договор стапи на сила во месец мај 2012 година. 

Контрадикторно е тоа што за период од 16 месеци Општината немала исплатено еден единствен денар кон оваа кавадаречка фирма а истовремено во секоја прилика која ја имаат пред медиумите, локалните власти го злоупотребува тоа фалејќи се и китејќи се со туѓи перја дека граѓаните на Општина Кавадарци ги уживаат услугите на бесплатен автобуски превоз. 

Од компанијата Сам-Вел реагираат дека од денот на започнување на вршење на превозот па до ден денес по овој основ а во форма на донација исплатени се само 300 000 денари и тоа од страна на компанијата “Фени Индустри”. Оттука следува прашањето: Што има “Фени Индустри” да донира пари на сметката на “Сам-Вел”? Дали “Фени Индустри” е рекетиран од страна на локалната власт или пак станува збор за некоја компензација а можеби и хуманитарен потег?

Доколку општината го испочитувала целосно договорот, досега за период од 16 месеци на сметката на Сам-Вел компани требало да легнат околу 1.100.000 денари.Од Сам-Вел Компани исто така реагираат дека неопходно е да се изврши плаќање на останатите средства кои ги должи Општината за да може и во иднина беспрекорно да се врши автобускиот превоз.

Сам-Вел е само една од кавадаречките компании. Што е со останатите?
 

Leave a Reply

Your email address will not be published.