Кавадаречката “Бегалка” со настапи низ Македонија

Театарот при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ од Кавадарци, по повод Светскиот ден на Театарот, 27 март, ќе реализира гостување во Пробиштип, каде во тамошниот Дом на култура ќе ја изведе претставата “Бегалка“, работена по текстот на Васил Иљоски, а во адаптација и режија на Александар Малинков. “Бегалка“ ќе доживее уште неколку изведби на матичната сцена и веќе договорени гостувања низ Македонија. Паралелно, кавадаречкиот Театар започна со подготовка на нова драмска изведба, чија премиера се очекува кон крајот на месец мај/ почетокот на јуни годинава, на радост на бројните љубители на театарската уметност во Кавадарци

Марјан Тодоровски

Leave a Reply

Your email address will not be published.