(ВИДЕО)Кавадаречките средношколци на протест, ДПМНЕ со обид да го загуши протестот!

kavadarci srednoskolci1Вчера во 7:00 часот изутрината, средношколците од Гимназијата “Добри Даскалов” – Кавадарци, ја бојкотира наставата и бараа укинување на екстерното тестирање и математика како задолжителен предмет на матура.

После долги разговори и закани од директорката на гимназијата Невенка Поп-Ангелова, средношколците одлучија да не подлегнат на заканите и се упатија кон општината. Извесно време протестираа пред општината каде се повикани претставници кај градоначалникот Александар Панов кој исто така со закани и со зборовите “Вие сте марионети на некој од опозицијата” му укажал на средношколците дека нивните барања ќе бидат разгледани.

Додека средношколците од гимназијата воделе преговори со градоначалникот, во средното машинско училиште Киро Спанџов-Брко се случила вистинска тортура на средношколците со закани од професорите и директорот. Во еден момент средношколците од гимназијата од плоштадот се упатиле кон средното електро-техничко училиште каде ги пречекала полицијата на влезната врата заедно со професор од училиштето, кој што професор му се заканувал на учениците и упатувал навредливи зборови кон нив, а пак полицијата не му дозволува да влезат во училишниот двор да ги охрабрат своите соученици.

За ваквите деградирања и навреди кон кавадаречките средношколчи се огласи и средношколскиот пленум кој соопшти дека во Кавадарци од страна на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и локални партиски моќници имало обид за деградирање на средношколците и директиви да се спречи протестот против математиката како задолжителен предмет на државната матура и нејзиното електронско полагање.

„Воедно најостро ги осудуваме сите закани и лаги за санкции врз средношколците кои имаат своја цел и кои се борат за подобро образование. Ги повикуваме политичките партии да престанат со притисокот врз средношколците, а оние кои и самите се средношколци а повикуваат и даваат директиви за закани и ширење лаги да и откажат послушност на својата партија бидејќи образованието е на сите нас, не е на партии ниту на поединци“, се вели во соопштението на Пленумот.

Средношколскиот пленум најостро ги осудува сите обиди на политичките партии да го спречат, деградираат, етикетираат изразот на револт на средношколците.

Во пораката со која се упатува закана кон учениците пишува:

„Да им кажете на тие што ќе протестираат дека ќе имаат неоправдани, ќе учат во сабота, а ќе има и санкции“.

plenum1 порака

Leave a Reply

Your email address will not be published.