Кавадаречкиот крадец на мајмунчето Лука со ново кривично дело

Кавадаречкиот крадец на мајмунчето Лука со ново кривично дело. Еден од двајцата крадци на мајмунот, 31 годишниот Спасе. Н во меѓувреме заработи триесет дневен притвор откако пред некој ден извршил разбојничка кражба со огнено оружје.

„Осомничениот С.Н. (31) , половина час пред неговото лишување од слобода, влегол во куќа лоцирана на улица „Шишка“ во населба Глишиќ- Кавадарци и во моментот кога одзел кутија со мобилен телефон, бил затекнат на лице место од сопственикот на куќата. Со цел да го задржи одземениот предмет, осомничениот извадил огнено оружје – пиштол и при излегување од куќата испукал еден куршум во воздух, по што побегнал“ информира портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска.

Спасе.Н е изведен пред надлежен суд и на истиот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Leave a Reply

Your email address will not be published.