“Кавадаречка културна есен 2015“ продолжува со несмален интензитет

Манифестацијата “Кавадаречка културна есен 2015“ продолжува со несмален интензитет и во деновите кога влегува во финалето од одржувањето на истата.

Денес, петок, 20 ноември 2015, со почеток од 19.30 часот во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ ќе биде отворена ликовна изложба на Роска Трајкова. Роска Трајкова е родена на 31.12.1958 год. во Кавадарци.Дипломира на Филолошки факултет во Скоје, група Англиски јазик и литература – наставна насока.Работи како професор по Англиски јазик во гимназијата ,,Добри Даскалов ,, Кавадарци.
Своето слободно време го користи за сликање на слики во пастел, масло и темпера. Има учествувано во повеќе групни изложби со свои икони , а оваа е нејзината прва самостојна изложба.

Во сабота, на 21 ноември од 18 часот, исто во Галеријата при Домот на културата ќе се одржи концерт на познатиот виолинист Момчило Куфојанакис во придружба на пијанистката Весна Ангелова.

Во понеделник пак, на 23 ноември во 19 часот , Галеријата на кавадаречкиот Дом на култура ќе биде домаќин на проектот “111 години – ЏЕЗ“ на кој предавач ќе биде професорот Кирил Темков, музичка придружба ќе биде “Модерн џез квартет К.“, а со џем сејшн свирка ќе настапат кавадаречки академски музичари.

Leave a Reply

Your email address will not be published.