Кавадарци со нов ракометен клуб

По пауза од неколку години на кавадаречката ракометна сцена никнува нов ракометен клуб од кој се очекува да го врати ракометот во Кавадарци повторно во сјај и да бележи нови успеси. “Градскиот Ракометен Клуб Лозари” е името кое треба да донесе гордост на Кавадарци. 

Тимот ќе го сочинуваат искусни ракометари од Кавадарци а нив ќе му се придружат и младите талентирани играчи.
Покрај сениорскиот тим Кавадарци ќе добие и нова ракометна академија која ќе биде подржана од ракометниот клуб “Вардар” од Скопје а во државната мини лига за пионери ќе настапува под името “Вардар ДБ”.

Leave a Reply

Your email address will not be published.