Кавадарци со неколку културно-уметнички настани во претстојниот период

monistraВо салата на Домот на културата, во среда на 10 јуни 2015 (од 18 и 20 часот) ќе се одржат традиционалните Годишни концерти на Балетското студио “Венус“ од Кавадарци. Концертите на “Венус“ вообичаено се големи балетски спектакли со учество на сите групи по возраст и се своевидна презентација на едногодишната работа на ова, речиси дваесет години, едно од најуспешните и најнаградувани македонски балетски студија. Кореографиите на Годишните концерти се авторство на Билјана Грозданова Ивановска и Ана Балова и се дел од кореографите со кои “Венус“ зеде учество на меѓународни натпревари, фестивали и карневали во Македонија и странство.

venusВо петок, 12 јуни 2015, љубителите на културата и уметноста во Кавадарци ги очекуваат два настани во организација на кавадаречкиот Дом на култура. Во Галеријатa при Домот на културата, со почеток од 20 часот ќе биде отворена самостојна изложба на познатиот македонски ликовен уметник Новица Трајковски, кој пред кавадаречките љубители на ликовната уметност доаѓа со дела од неговиот последен креативен циклус, со кои претходно се претстави во Скопје, Велес и Неготино.

Истата вечер, со почеток од 21 часот, на локацијата на Малиот парк спроти полициската станица во Кавадарци, ќе се одржи целовечерен концерт на познатата македонска етно група “Монистра“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.