Кавадарци најзагадена општина или пак не?

Воздухот е тежок за дишење и многу опасен по здравјето на луѓето, предупредуваат екологистите од „Еко живот“ кои за наредниот период најавија подигање на еколошката свест на кавадарчани.

Тие на прес конференција го презентираа истражувањето на Универзитетот „Гоце Делчев“ според кое, загадувањето на Кавадарци е за неколку пати поголемо од дозволеното.

Регионот кој надалеку е познат по производство на грозје и вино заради еколошката негрижа, полека го губи рејтингот кај купувачите ,кои , кога ќе дојдат потсетуваат на загадената животна средина од каде што доаѓаат земјоделските производи.

Но има и такви кои размислуваат поинаку.

Жителите на Кавадарци во сево ова гледаат политички пресметки на поделената локална власт, која не бира средства да ги оствари своите партиски и лични интереси, но не води сметка за здравјето на граѓаните. Еколозите пак ,сметаат дека ниту еден мониторинг не е доволно јак за да ги измери лошите честички во воздухот. Згора на тоа никој од надлежните не е загрижен дури и кога мерните инструменти покажуваат неколкукратно зголемување на загаденоста.

Извор Телма

Leave a Reply

Your email address will not be published.