Кавадарци една од општините со најголем процент на срцеви и мозочни удари

Болестите на срцето и на крвните садови се и натаму причина број еден за смртноста во земјава, односно секој втор починат, умрел од болест на срцето или крвните садови, пренесува Утрински. Имено, од околу 19.000 луѓе колку што умираат годишно во Македонија, околу 11.000 починале како последица на болести на срцето и мозочните удари, или овие болести во вкупната стапка на смртност во Македонија учествуваат со 57,8 отсто.

Од срце и мозочни удари најмногу се умира во вардарскиот регион, односно Велес, Кавадарци, Неготино, Гевгелија, додека најмалку во скопскиот регион. Но, затоа скопскиот регион предничи по бројот на болни од кардиоваскуларни болести каде што се разболуваат по 260 на 10.000 жители, додека просечната стапка на болни во Македонија е 158 на 10.000 жители. 

Во Македонија од срцев удар во просек дневно умираат по четворица луѓе. Ова го покажуваат најновите податоци на Институтот за јавно здравје, според кои од болести на срцето годишно умираат по 1.500 луѓе, од кои кај 90 отсто од овие смртни случаи причината за смрт е срцевиот инфаркт.

Извор Утрински

Leave a Reply

Your email address will not be published.