Кавадарчанец ја силувал сопствената ќерка

Мајка од Кавадарци пријавила дека нејзиниот сопруг во изминатите неколку месеци ја силувал нивната дванаесетгодишна ќерка

Таткото сексуално ја злоставувал својата 12 годишна ќерка. Мајката на девојчето пред полицијата изјавила дека нејзиниот сопруг со употреба на сила го злоставувал детето. Со нож му се заканувал по живот.  Грозоморниот чин се случувал во Кавадарци. Настанот  во полиција го пријавила мајката на девојчето. Пред полициските службеници кажала дека нејзиниот сопруг со иницијали М.А. неколкупати досега во изминатите месеци ја злоставувал нивната ќерка.

Според пријавата на мајката, таткото последен пат ја силувал својата ќерка ноќта во вторникот спроти средата околу 21 часот во семејната куќа во Кавадарци со закани со нож. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Извор 24вести

Leave a Reply

Your email address will not be published.