Кавадарчанец бегал од полицијата на патот Велес – Градско

Вистинска драма се случувала доцна синоќа на регионалниот пат Велес-Градско, пренесува Сител.

32- годишен кавадарчанец кој управувал џип со бугарски регистрации бил сопрен од редовна полициска контрола. Откако ги дал документите за проверка одлучил да бега. Со себе го повлекол и полицаецот кој по кратко време паднал на патот..

Со голема брзина кавадарчанецот почнал да бега. По возилото тргнала и полициската патрола. Бркотницата траела кратко, џипот се превртел покрај патот. Полицијата веднаш го уапсила возачот а со брза помош бил префрлен во велешката болница.

На хирушкото одделение завршил и полицаецот. И двајцата се здобиле со повеќе повреди но не се во животна опасност, велат лекарите.

Извор СИТЕЛ

Leave a Reply

Your email address will not be published.