Кавадарчани се жалат од непријатната миризба од дивите депонии

Дел од граѓаните велат дека се свесни за нечистотијата околу нив, а со тоа се согласуваат и повеќето посетители и туристи во општината.
Јавното претпријатие Комуналец на чело со одговорните лица, под чија закрила е хигиената и собирањето на сметот кога станува збор за одржување на градските контејнери, најверојатно имаат проблем со рефлексите  што отпадот во и околу контејнерите понекогаш и со денови не се собира. 


Исто така причина плус е и ниската еколошка свест на дел од граѓаните, кои притеснети од лошата економска реалност не обрнуваат внимание на околината во која живеат.
Надлежните предупредуваат дека состојбата со сметот во Македонија е алармантна затоа што секој човек годишно произведува од 250 до 300 килограми ѓубре, од кои поголемиот дел завршуваат по улиците, природата и во реките. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.