Кавадарчани се трујат со десетпати позагаден воздух од дозволеното

Кавадарчани дишеа десетпати позагаден воздух од дозволеното со измерени нешто помалку од 500 микрограми на метар кубен ПМ-10 честички, пренесува УТРИНСКИ. Проблеми со дишењето имаа и жителите на Тетово и Лисиче, кои дишеа дури седумпати позагаден воздух над дозволеното, односно, мерните станици измерија рекордни 350 микрограми на кубен метар ПМ-10 честички.

Висока концентрација на овие честички покажаа мерните станици и во скопските општини Центар и Гази Баба, со по 170 микрограми на кубен метар ПМ-10 честички.

Единствено место каде што има поставено мерни станици за проверка на квалитетот на воздухот, а немаше забележано загадување на воздухот беше во Лазарополе. (Е.В.)

Моменталната состојба на квалитетот на воздухот може да видите на следниот линк.

Извор УТРИНСКИ

Leave a Reply

Your email address will not be published.