Кашкавалот ги заштитува забите од кариес

Ова го тврдат научниците од американската Академија за општа стоматологија. Тие додаваат дека кашкавалот создава заштитен слој на забите и ги заштитува од кариес.

Колку што е поголема pH вредноста на површината на заботе, толку тие се позаштитени од дентална ерозија која ги уништува.

Во истражувањето научниците ја мереле рН вредноста на забите во неколку ситуации. Во првата учествувале деца кои јаделе кашкавал по оброкот, а другите пиеле млеко и јогурт. Киселината на површината на забите се променила 10, 20 и 30 минути по оброкот.  Оние кои јаделе кашкавал имале најголема рН вредност која ги штити забите. Сепак стоматолозите потенцираат дека течноста за миење на устата овозможува најголема заштита на забите. 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.