Карл Маркс: Цензурата е неприфатлива
Карл Хеинрих Маркс, еден од најголемите светски филозофи, роден е на 5 –ти мај 1818 година. Завршувајќи гимназија, се запишал на универзитетот во Бон, па во Берлин … Бил влијателен филозоф, политички економист, револуционер и организатор на “Меѓународната заедница на работниците”.
Добар пример, пример за марксизмот во пракса е Октомвриската револуција и Лениновото карактеристично претопување на теоријата во пракса.
Марксизмот е систем кој станал водич за тоа како да се постави едно цело општествено уредување. Во своите размислувања допира широка палета на прашања, а Маркс е најпознат по својата анализа на историјата во термините на класната борба, собрана во познатата воведна мисла на воведникот на Комунистичкиот манифест: “Историјата на сите до сега постоечки општества е историја на класна борба.”
Марксовата појдовна претпоставка: “Таму каде е државата, таму е и власта, моќта, таа е негација на слободите на човекот. Бидејќи државата е класна творба, а таму каде се владее, таму делува политичкото отуѓување, неслободата, ропството, подаништвото на човекот како таков.”
Овој мислител не ја набљудувал историјата како еден вид самотек, туку историските детерминанти ги набљудувал низ објективната важност на класната борба, на потчинетите и оние кои владеат. Ова го одредува историскито движење, кое е секогаш движење кон повисокото, кон прогресот.
Маркс поставил темел во општествената мисла влијаејчи на многу теории кои се развиле во минатиот век, а за неговото влијание сведочат и фактите дека Капиталот пред неколку години беше најбараната книга на саемот на книга во Франкфурт.
Маркс се борел и против цензурата во весниците и слободата на говорот. Тој предупредил на фактите дека цензурата со своето присуство обезбедува отпор против себе си. Во тој контекст нагласил: “Со оглед дека духот на секој народ се изразува во неговите печатени зборови, затоа во весниците ќе бидат присутни не само неговите позитивни карактеристики туку и неговите недостатоци.” Всушност, Маркс оспорувајќи ги неправедните државни закони (како оној за цензура) ја оценил како неприфатлива подредената позиција на власта која се грижи само за себе. Поради тоа цензурата ја оценил како одраз на човековата незрелост.
Осумте Марксови ставови за слободата на печатот и денес се актуелни се следниве:
– Неприфатливост на цензурата
– Печатениот збор како сестра израз на духот на еден народ
– Слободата на печатот како услов за корекција на состојбата во општеството
– Закон за слобода (независност) на медиумите како нужност
– Значењето на критиката на слободните медиуми за развојот на општеството
– Критика на оние од власта како интерес на слободните медиуми
– Молчењето на медиумите – предавство на професијата
– Нагласени права на бирократијата и полицијата – спротивност на слободата на медиумите.
Човекот кој на светот му го дал рецептот за воспоставување на социјализмот во класното општество, рамнотежата меѓу класите и револуционерните движења, умрел 1883 година во Лондон.
Извор: 6uka.com
Превод: Попова