700 кандидати за амбасадори, 400 за советници на Груевски

Според портпаролот на владата, Александар Ѓорѓиев, голем интерес има и за советничките места во кабинетот на премиерот Никола Груевски, за кои аплицирале вкупно 400 лица.
Меѓу интересните директорските места во јавните претпријатија и во државните акционерски друштва се вбројуваат заменичкото место во Дирекцијата за странски инвестиции, потоа „Лотарија на Македонија“, ЕЛЕМ, МЕПСО, Агенцијата за млади и спорт и „Македонски шуми“ .
Иако интересни, сепак најмалку апликанти има за директорските позиции во здравствените институции, што, според владиниот портпарол, е резултат на специфичните карактеристики кои треба да се исполнат.
– Владата е задоволна што на овој оглас се јавија голем број квалитетни кадри за да може да се направи и најсоодветен извор. Во натамошната постапка претстои валоризација на апликациите, рангирање и разговор со апликантите за да се изберат најквалитетините – рече Ѓорѓиев.
Пополнувањето на работните места, појани Ѓорѓиев, ќе се врши според приоритетите. Прво, онаму каде што нема раководители или се избрани вршители на должност, па потоа на другите позиции, но главно целиот процес треба да заврши до крајот на годината.
Во однос на реакцијата на синдикатот во Министерството за надворешни работи дека е скандалозно на ваков начин да се избираат амбасадори, Ѓорѓиев, рече дека им се дава можност на сите квалитени луѓе да конкурираат за амбасадорските места, но при изборот ќе се почитуваат сите правила и прописи.
Владата планира да распиште у втор оглас за пополнување на раководни позиции кои ќе бидат испразнети поради истечен мандат.
Р.И.М.  

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.