Калигула и министерските работи

Ја знаете онаа приказна на лудиот Калигула? Поставил Калигула, така барем велат книгите, коњ за сенатор. Прав, вистински, четвороножен. Во симболичка смисла, Калигула сакал да ги навреди сите оние двоножни сенатори. Од друга страна историјата не’ белижи дека наречениот коњ, ниту во својство на сенатор, а ни иначе, не направил било каква штета на државата, ниту на некој друг. Не се знае дека употребил некој навредлив збор, дали некого го проколнал, ниту дека со копитото sвекнал некаков разломотен јазик. Останал коњот чист пред своите современици; работел според можностите – јадел зоб во пратеничкиот ресторан – во склад со своите потреби, без злоупотреба и непотизам. Всушност, ако се затекнал некаде, тоа не’ била негова волја и кривица. Е, со луѓето секогаш испаѓа покломплицирано отколку со коњите.

Со години се’ прашувам како некои луѓе стигнаа на некои места, и уште поважно како на многумината не им се чини тоа чудно, туку контаат дека после се’ тоа е нормално и во најдобар ред со самото тоа што во собранието не седи коњ туку човек, дури и ако човекот, за разлика од коњот, чини се’ она што е недостојно и срамотно, работа која коњот никогаш не би ја правел, правјеќи така активна штета на својата Татковина, што за коњско однесување е несвојствено.

Гледам деновиве телевизија, онаа мејнстрим, ги гледам сите оние ликови (а би требало да се личности?) разломотени за некои теми и меми; нема сомнеж дека овие ликови (а би требало да се личности?) фундаментално ги исполнуваат критериумите за да се занимаваат со министерска професија, а од друга страна можеби е нешто фундаментално погрешно со таквите критериуми, чим е возможно тие да ги исполнуваат? Или што би рекол “мојот пријател“ Гручо Маркс: I don’t want to belong to eny club thet will accept me as a member. Само што овде вакви отмени самокритики нема ни за лек!

Знаете, најомилениот од сите ми е оној министер кој ни се обраќа преку собраниската говорница. Погодувате, она момче кое е момче за се’ – Тодоров! Прво ни се претстави како министер за образование, а потоа и за здравство. Ма знаете веќе, тоа е она зрно на мудроста кое распламти пред некоја ден од собраниската говорница. Овој Тодоров успеа да се испентери на Високи Државни Должности во министерството, професија која нема никаква врска со неговите професионални компетенции, туку е “кадар на партиската листа“ на ДПМНЕ. Интимно, лично, таквите се либерали до коска, но пред партијата мора да глумат хипокризија, па сега, според светонадзорот мора да се спогодат, мора некоја функција да се “подмири“ со “кадар од листата“. Па како што “доликува“ – да му дадеме некоја врвна функција за која нема да знае ништо, јавно може по малку да лупета, фина платичка, кола, канцеларија, секретарица; нека седи, нека лупета повремено  и нека крцка синекурица во името на мирот Божји и “благосостојбата во здравството.“

Ама нема ништо од тоа синко мајчин: не седеше за џабе Нашиот Човек, не гледаше глупаво и блентаво сите овие години за да се дофати до некоја врвна функција; не дремеше Нашиот Човек за џабе, не произведуваше на кило хипокризија за Татковината, тука за себеси, тоа дамнешно заслужено место во височините на хиерархијата (кое до сега му бегаше поради злонамерните, љубоморните, сплеткарошите и воопшто, Разните Центри на Моќ) да се унапреди, така што ќе биде предложен во нешто што ќе и биде корисен на Татковината? Па каков би бил тоа човек кој би гледал само на себеси и својот ситен интерес?

Добро, зошто ДПМНЕ-овци не го избркаат Тодоров? Чекај бре, коњино! Убаво си ја брка тој својата работа. Немој да си злонамерен, башка е лик кој е од “нашата најсилна листа“, што значи дека за останатитет е недопирлив!? Знам, не сум наивен, такви се нашите игри во нашата партократија.

Видете, на крајот на краиштата кај оној Калигула беше многу поедноставно, а и многу по безопасно. Блесавиот Калигула, воедно и голем наивец, не се сетил на ништо друго освен на коњот. А коњот е мило и племенито животинче, и во принцип е многу свесно за своите лимити, оти е паметно. Има и паметни луѓе, а најпаметните се оние кои “знаат дека не знаат ништо“. Таквите ги оплеменуваат нашите животи. А оние што знаат дека се’ знаат, најчесто се ставаат на Највисоки Функции, бидејќи и тие, за жал, мора нешто да работат.
 

Leave a Reply

Your email address will not be published.