Какви се придобивките од зборување повеќе јазици за вашиот мозок?

Најмладата личност во секоја околина во која ќе се најдете е секогаш најдобиот говорник од сите останати. Постојат 6800 јазици во светот, и бидејќи не знаете каде ќе бидете родени, затоа кога ќе се родите мора да сте способни да научите било кој од овие. Таа дарба исчезнува брзо – девет месеци по раѓањето започнува способноста да исчезнува. Но способноста да научите втор, или трет јазик е сеуште извонредна и во школските денови.

Според истражувањата, се чини, дека тоа е одлично за вашиот мозок. Тие покажале дека мултијазичниот мозок е побистар, побрз, поспособен за справување со нејаснотии, ги решава конфликтите па дури и помага во бробата против Алзхајмеровата болест и други форми на долготрајна деменција. Сето ова укажува на тоа дека училиштата треба да се залагаат за побогати јазични програми за деца во што пораната возраст па дури и во предшколските денови. 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.