Како станaвме толку гладни и сироти

Деспотот никогаш нема да те научи како да ловиш риба, ако си гладен, тој ќе ти даде риба и практично, ти си негов, се додека повторно не огладниш.

Ваквата духовна изрека за мој фкус е мека, но сепак многу кажува за онај фамозен 24-ти декември, датум од кој почна длабоката политичка криза. Имено, пратениците се на плата од државата, но кога мнозинството пратеници – завиени во својата партократија – господарат со законодавната власт, нивната мнозинска глупава логика вели “ние сме добри, ве толерираме вас, малцинскиот дел, се до оној момент додека нема да ве толерираме.“ Ваквата логика прави од пратеникот или граѓанинот – насилник – фрустриран човек затоа што во ниеден момент, дури и кога си добронамерен, што тоа и да значи, не прифаќаш апсолутно ништо што оној другиот ти предлага, што идејно што со некаков амандман. И сега почнува клопчето да се одмотува и да се појавува целиот фолклор на власта на виделина.

Груевски Н. како прв човек во државава во моментов апсолутистички господари со својот “замислен простор“. Тоа е точка или пункт, кој освен него никој друг не може да го контролира, односно “замислениот простор“ не е освоен, па од таа точка човекот апсолутно господари “од горе“ се “до долу“. Дури вие во државава немате никаква власт, освен извршната, која го контролира сето останато: законодавната, судската и локалната, па оттука, која е таа институција или менталитет, која ќе го повика првиот човек во државава на политичка одговорност кога практично во земјава не постои друга власт освен извршната, која дури и се наметнува и како власт-егзекутива.

Овој човек, бидејќи ја втурна државава во огромна политичкa и економска криза, создаде систем во кој сите граѓани кои нешто сакаат да работат во оваа држава мора да се договорат со него. Па поради тоа доаѓаме до онај “замислен простор“ што ќе ти ја поплочи патека до портите на корупцијата. Поради оваа “перспектива“ постоечките институции се испразнети од секаква суштина и се длабоко не’ легитимни затоа што не се поставени да ја вршата својата примарна функција. Флоскулата “борба против корупцијата“ значи систем кој ќе ги елиминира сите оние кои ќе претендираат да го заземат неговиот “празен простор“ и практично ќе дојдат на негово место. Со ваквиот систем груевистичките фиќфиричи можат да уцент било кого, од горе до долу.

Да ви посочам еден пример. Секој еден кој има свој дуќан, трафика, било што, тие можат на ваков начин во секој момент да те уценат – или биди груевиста или ќе јадеш инспекција! Таква беше и приказната со медиумите. И сега ако јас не сакам да бидам груевист што тоа би значело? Дека јас сум злобен, дека сите луѓе се злобни? Не! Овој систем мора да се сруши и наново да се менува. И Баста!

“Ние мора да го решиме името, ние мора да се справиме со корупцијата, ние мора да ја однесеме Македонија во Европа“. Што ви кажува оваа испразна реторика? Малата “монархиска“ група која популарно е наречена “фамилијаризам“ го легитимира тој “празен простор“ на првиот човек во државава, и преку догматски матрици и флоскули оперира со своето самоволие и бахатост низ постоечките институции на државава и го распорува комплтено целото општество.

Опозицијата во овој момент мора да истрае во своите намери како единствена политичка сила која може и мора да ја промени оваа власт! Со самото тоа некој мора и да го заземе оној “празен простор“ на Груевски Н. и да се обиде, после падот, да ја уреди државава со нови критериуми и квалитети – извршната, законодавната, судската и локалната власт. А самоволието и борбата да се одржат на власт преку ваквиот корумпиран систем е повик за мобилизација и ништо друго. Каква идеја какви бакрачи – кој сака да го корумпирам, гладни рипчиња, портите се отворени за сите, ни порачуваат груевистите, вие ќе преживувате со малку, а ние како “фамилијаризам“ со многу. Мислам дека е фер, нели?!

Leave a Reply

Your email address will not be published.