Како се делат работните места во администрацијата?
Без да ги анализираме сите подетално ќе приложиме само еден од нив. Станува збор за отворено место 1 државен службеник во Дирекцијата за заштита и спасување во општина Кратово.
Станува збор за отворено работно место во Дирекцијата за заштита и сспасување чии должности (според нивниот законски правилник за работа се следните:
– Учествува во изработката на Годишната програма за заштита и спасување која содржи општи нормативи за реализација на националната стратегија за заштита и спасување
– Учествува во изработка на План за заштита и спасување од природни непогоди, епидемии, епизоотии, епифитотии и др. несреќи за подрачјето на општината
– Учествува ви изработка на проценка на загрозеност од природни непогоди, епидемии, епизоотии и епифитотии
– Ги следи, открива и проучува можните опасности од природни непогоди, епидемии, епизоотии, епифитотии и др. несреќи
– Предлага мерки за ублажување и спречување на настанување на можни опасности
– Известува за можни опасности и дава упатства за заштита, спасување и помош
– Врши работи поврзани со формирањето и подготвеноста на силите за заштита и спасување и дава предлози за нивно ангажирање
– Помага во работата на Општинскиот штаб за заштита и спасување
Според горенаведените работни задачи како одговорните лица објавиле оглас за кој е потребно лице со квалификации “Градежни или филозофски науки”? Како овие квалификации, посебно оние стекнати на Филозофскиот факултет би биле соодветни за оваа работна позиција и како истото тоа лице со завршен Филозофски факултет би можело да изврши проценка на имоти уништени од непогоди или пак да координира и решава ситуации во случај на епидемии и други можни непогоди и опасности?
Јавна тајна е дека овие огласи се објавуваат само колку да се исполни законската обврска при вработување на нови лица, но прашање е дали истите се соодветни за работните места на кои се наоѓаат, или веќе и не е толку битно па може и да е очигледно дека на оваа работна позиција е веќе примено лице со “Градежни или Филозофски науки” па огласот мора да се формулира врз основа на неговите квалификации?