Како работи нашиот мозок – што не сте знаеле

Дека човековиот мозок е сеуште мистерија, секој пат се уверуваме. Како прилог на тоа наведуваме 7 изненадувачки факти за него и начинот на кој функционира.


Додека е уморен – мозокот работи покреативно
Ако сте уморни вашиот мозок потешко ќе се фокусира на одредена задача и полошо памти, но кога е во прашање некоја креативна работа, тој во состојба на умор е брилијантен. Една американска студија покажала дека кога мозокот е уморен и подложен на дистракции е корисен при креативно изразување. Затоа уморниот мозок е покорисен за нас кога работиме на креативни проекти. Дистракциите ни помагаат да размислуваме “надвор од кутијата” што поттикнува иновации.


Стресот може да ја промени големината на мозокот и да го направи помал
Сигурно не сте знаеле дека стресот може да влијае на големината на мозокот. Истражувањата во кои се проучувале млади мајмуни во период од шест месеци покажале дека мозоците на мајмуните кои во текот на тој период се “дружеле” само со врсници бил поинаков од младите мајмуни за кои се грижеле нивните мајки. Друго истражување во чиј тек глувците биле изложени на хроничен стрес покажало дека по некое време дел од мозокот наречен хипокампус буквално се смалил.


Мултитаскингот за нашите мозоци е невозможен
Извршувањето на повеќе задачи одеднаш е нешто што луѓето веќе подолго време пробуваат да го усовршат, но се испоставило дека тоа всушност е невозможно. Кога мислиме да извршиме повеќе задачи одеднаш во нашите глави всушност се работи на префрлување од една задача на друга. Истражувањата воедно покажале дека на тој начин поедини задачи ги извршуваме полошо отколку кога ќе се посветиме само на една задача, бидејќи трошиме средства од напиот мозок на две различни работи па цело време се префрлуваме од една задача на друга.


Краткиот одмор ги подобрува перформасните на мозокот
Јасно е колку е сонот битен за нашите мозочни ќелии, но што е со краткиот одмор во текот на денот? Се утврдило дека кратките етапи на спиење се многу корисни. На тој начин се подобрува способноста за помнење па полесно се учат нови работи. Едно истражување покажало дек алуѓето се поуспешни во решавање на тестови и задачи по краток одмор отколку целовечерно спиење.


Повеќе не се допаѓаат луѓето кои почесто прават грешки
Се чини дека нашите грешки може да ги доближат другите луѓе до нас и на тој начин стануваме попопуларни во општеството. Тука станува збор за т.н. Пратфалов ефект, кој надобро е објаснет на следниот пример: оние кои никогаш не прават грешки се помалку популарни во општеството и другите потешко ги засакуваат од оние кои понекогаш погрешуваат. Кога грешиме на другите им даваме до знаење дека и ние сме луѓе од крв и месо.
 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.