Како научно да ја најдете вашата сродна душа

Се воделе многу дебати дека тајната на долготрајната љубов е да се откажете за митот на “вистинскиот” – но сепак илузијата за постоењето на сродна душа се прилепува за нас без да можеме да и одолееме. Се држиме за неа со огромна амбиција па дури и се обидуваме да ги пресметаме шансите за наоѓање на онаа правата личност која “ќе го раскине нашето его барем малку, која ќе ни ги покаже нашите препреки и зависти, ќе го отвори нашето срце за да влезе нова светлина”. Но во свет од седум милијарди жители, колку е веројатно, навистина, дека секој од нас би ја пронашол својата сродна душа?

Баш тоа го истражува Рендал Мунро (инженер за роботика во НАСА) во својата книга “Што ако?: Сериозни научни одговори на абсурдни хипотетички прашања”, одлична книга произлезена од неговиот блог xkcd.

Мунро му одговара на читателот многу едноставно, поставувајќи истовремено и прашање: “Што ако сите имаат само една сродна душа, случајна личност некаде во светот?” Осознавајќи дека оваа теза е проблематична – тој пристапува кон премисата дека секој од нас има “една случајно – доделена перфектна сродна душа” со виталниот баланас на научен скептицизам и отвореност: 

“Ќе претпоставиме дека вашата сродна душа е предодредена од раѓање. Не знаете која или каде е, но – како во романтичните клишеа – ќе се препознаете во моментот кога ќе ви се сретнат погледите. 

Ова поттикнува многу прашања. За почеток, дали вашата сродна душа е сеуште жива? Стотици милијарди луѓе живееле, но само седум се живи сега (што ни дава стапка на смртност од 93%). Ако сите имаме случаен пар, 90% од нашите сродни души се одамна мртви.”

Ако ова не беше доволно обесхрабрувачки, Мунро не уверува дека работите ќе станат уште полоши ако во предвид го земем и времето:

 

“Еден едноставен факт ни покажува дека не можеме да се лимитираме само на изминатите личности; мораме да ги вклучиме и непознатиот број на идните луѓе исто така. Значи, ако е можно вашата сродна душа да се родила во далечното минато, тогаш исто така и можно таа да се роди во далечна иднина.”

За да се поедностават работите барем малку, Мунро претпоставува дека вашата сродна душа е од вашето време и дека разликата е само во неколку години. Со овие параметри, секој од нас има околу половина милијарда потенцијални сродни души. Иако математиката сеуште останува нејасна, Мунро објаснува:

“А што е со полот и сексуалната ориентација? И културата? И јазикот? Можеме да продолжиме да ги користиме демографските фактори и да се обидеме да ги расчлениме работите уште повеќе, но ќе се оддалечиме од идеата за случајна сродна душа. Во нашето сценарио, вие не знаете ништо за вашата сродна душа се додека не погледнете во нејзините очи. Секој има само една ориентација – кон својата сродна душа.”

Врајаќи се кон мистичната неопходност од идентификација преку контакт со очите, тој ги опишува бескарајно малите шанси од наоѓање на вашата сродна душа: 

“Бројот на непознати лица со кои се погледнуваме секој ден е тешко да се процени. Може да варира од скоро ниту еден (кај луѓето од мал град) до неколку илјади (полицаец на пример на Тајм Сквер). Да претпоставиме дека се погледнувате во очи со неколку десетици странци секој ден. Ако 10% од нив се близу вашата возраст, тоа се околу 50.000 луѓе во цел живот. Со оглед дека имате 500.000.000 потенцијални сродни души, тоа значи дека вистинската љубов во еден од 10.000 животи.”

Овде Мунро преминува во научно – фантастично сценарио, предвидувајќи вештачка платформа за максимизирање на изложеноста на првиот контакт со очи – систем базиран на веб – камера сличен на ChatRoulet, кој го поистоветува со Рулетот на сродни души:

“Ако секој од нас го користи овој систем по 8 часа дневно, седум дена во неделата, и ако ви се потребни неколку секунди да оредите дали некој е вашата сродна душа, овој систем може – теоретски – да ги спои сите со своите сродни души за неколку декади.

Во вистинскиот свет, голем дел од луѓето имаат проблем да најдат време за романса – а само неколку можат да одделат две декади за да го направат тоа. Па можеби само богатите деца ќе бидат во можност да си дозволат да седат на овој рулет за сродни души. На жалост за овие 1%, најверојатно нивните сродни души се наоѓаат во останатие 99%. Ако само 1% од луѓето го користат рулетот за сродни души, тогаш само 1% од тој 1% ќе го најдат својот пар низ системот – еден во десет илјади.”

Истражувајќи го ова сценарио понатаму до неговите најневеројатни екстреми, Мунро стигнал до зачудувачки познат исход:

“Со оглед на целиот стрес и притисок, некои луѓе ќе глумат. Тие ќе сакаат да се приклучат на клубот, па ќе најдат друга осамена личност и ќе одглумат лажна сродна душа. Ќе стапат во брак, ќе ги кријат своите проблеми, и ќе се борат да покажат среќно лице за своите пријатели и семејства.”

Неговиот заклучок е спротивен на безнадежноста на теоријата за сродна душа со надеж која ги одржува нашите срца живи со чуство на возможност, непроменлив оптимизам кој ни помага да продолжиме да живееме и сакаме: 

“Светот од случајни сродни души би бил осамен. Да се надеваме дека тој не е оној во кој живееме.”

Можеби Џон Стејнбек рекол најдобро: “Ако е вистинското, ќе се случи … Ништо добро не може да ни избега.”

Во оваа книга Мунро го остава својот потпис на мешавина помеѓу науката и чувствата во мистерии како зошто громот удира баш на тоа место, или како всушност би било патувањето низ времето. На овие прашања нуди научни одговори како и илустрации кои не водат низ светот на научните мистерии.
 

 

Извор: brainpickings.org

Leave a Reply

Your email address will not be published.