Како настанал изразот „Сабајлево станав на лева нога“?

Сите знаеме дека кога некој ќе ни каже дека станал на лева нога најчесто со тоа сака да ни каже дека без некоја посебна причина е нерасположен и непријатен. Но, малкумина знаат што точно значи овој израз.

еговото потекло датира од старите Римјани, исто како многу други обичаи и фрази кои постојат долго време откако тие ги напуштиле териториите на кои тогаш се наоѓале. Објаснувањето е прилично едноставно, левата страна во Рим се смета за лоша, злобна, баксузна, па токму затоа се верувало дека доколку по станувањето од кревет прво допрете со левата нога на подот, вие ќе предизвикате цел ден да ви се одвива лошо. Ова верување е исто така и причината зошто Римјаните кога влегуваат во домот, го пречекоруваат прагот од влезната врата со десната нога. Тие не сакаат со левата нога да повикаат зло.

Интересен е и фактот што англискиот збор „sinister“ кој значи злокобен, настанал од латинскиот збор „sinister“ кој значел лево.

Leave a Reply

Your email address will not be published.