Како Илија Димовски и’ објави политички банкрот на владата

 

Ќе видите вие што значи народ кога за тоа ќе дојде време…” , вака звучи пораката од Илија Димовски до граѓанскиот активист Марјан Забрчанец; порака која јасно ја исцртува владината политика: политика која е штеточинска, јалова, губитничка не само во практична, туку и во морална смисла

 

Илија Димовски, владиниот врескач ни ја објасни сета нивна политика преку суптилна закана до граѓанскиот активист Марјан Забрчанец, политика која е длабоко нихилистичка под маската на принципиелноста и народната жестина, и кога-тогаш ќе удри до sид, ќе се соочи со своите лимити, ќе се соочи со своите консеквенци на стореното кое јасно ни се исцртува: Илија Димовски низ својата психолошка реакција ја отвори корупката на владината политика: заурла вербално, а прашање на време кога ќе заурла со физичко насилие на еден достапен начин – наталожената фрустрација бара некаде да се „ослободи”, а најпрво, сета наталожена гадост бара да заурла во етер, а цената што ќе се плати, најпрво е огромното загадување на медиумската околина.

 

Трагикомичен е Илија Д., како и нивната лумпенпатриотска политика, кој е малку модифицирана, присобрале (како прави еклектици!) одваму-оттаму пропагандни алатки, ама крајна дефиниција е дека ова е политички банкрот на груевистичката политика.

 

Како локалниот Илија Димовски објаснува банкрот, се прашувате вие? Така што објавува јавно триумф, па газот го скрива позади „корупката на народот”. Треба, почитувани, да се исчитуваат пораките кои ги праќа и’ Груевски, второто презиме на Илија Д., како негов морален и интелектуален стожер, како и сите оние владини репликанти и клонови, треба имено да се читаат сите вакви раздрндани коментатори-лојалисти, посеани низ минските медиумски полиња во Македонија како некои нагазни мини, како смрдливи паштети, па да се види како ги отвараат, а поготово како ги смрдат „темите” кои ги обработуваат. Поточно, ако внимателно ги читате, ќе видите дека со тоа ја портеретираат својата штеточинска политика отколку што тоа може да го прикаже нивниот најлут опонент.

 

ДПМНЕ треба најмногу да се набљудува во нивната политика сфатена како насилие – и јавно да се каже: линчувачка профашистичка политика како политика која гаи однос само кон насилието. Таква всушност е сета нивна политика – насилничкото како „политичко”. Како некои фудбалски хулигани, присобрани партиски активисти одваму-оттаму низ разни неофашистички подмладоци и нивен сроден полусвет, па уште прогласени на партиски митинзи и слични лабаратории за „младоста на Македонија”, која на многу жилав начин ќе докаже која е иднината на Македонија – патриотската крв вода не е, сердари!?

 

Секој млад ДПМНЕ-овски фиќфириќ жив не е ако секое утро не’ излиста по некој збор од Карл Јаспер, како и книгитe кои обработуваат тематика од „меѓународно право”, а, бре, живи не се ако пред напорниот 24/7 не’ исчитаат такво четиво!

 

Смрки, што мислиш ти за „меѓународното право”, што мислиш и’ за оние Соросоиди?

Види Штрки, мислам, заебано е, ама ќе им ебеме матер!

А, пак, колегата Мутибариќ од офф-сајд мава волеј: јас, драги колеги, сето тоа го имам проучено, се’ се тоа белосветски империјалистички пички!

 

Гледате, тоа силење пред „народот”, тоа силење пред мнозинството, недостојно е за човек со минимум самопочит, и оддава едно прилично соципатско пореметување! Од премиерот до последниот глодур во Курир, цел еден медиумски башибозук пробува да го докаже недокажаното, пробува да го објасни необјаснетото, па трансендира во разбојничко и ниско. Што значи дека имаме работа со опасни и неприсебни луѓе или, пак, уште полошо, ДПМНЕ и сета камарила всушност прикажуваат една патриотска „фаланга” која па таа прикажува еден уличен тероризам како „легитимен” политичко-патриотски метод за нашата „национална” работа, која и да е таа. А, која е нивната „национална” работа? Немајте мака, утре ќе им се каже, па задутре повторно, и така секоја ден. И така, се’ од почеток.

 

Има ли воопшто крај, се прашувате вие? Нема. Дури почнува и’ да се продлабочува. Ене го Миленко, шири етнички бучкуруш, па дури ни еден Јанко не може да ги окрие националистичките состојки. Работата е дека овие луѓе, Илија и компанија, Јанко, Миленко и компанија, немаат појма од ништо – оваа политика е најсељачка што може да постои: Сакаш кола, стан, гуски, волови, шарпланинци? Сакам! Плукај ги бре, мамицата нивна. И тоа е се’. Тоа е сета нивна политика.

 

Европа во денешниов контекст, со овие политики и ваков „сет” од вредности – нема шанса! Европа со ваков бетониран јазик, со ваков насилнички доминантен политички дискурс, најпрво е промашена во нејзината практична идеја и „табиет”, и најбитно, ова му е јасно на секој еден кој животот изминативе години не го поминал на Јупитер, туку во Македонија. А, ако сме живееле во Македонија, тоа значи дека фер е работите да се кажат низ соголено лице: сите оние пљачкаши низ туѓи куќи, сите оние лопови и убијци, сите оние пљачкаши на јавни институции, државни трезори, сите оние надркани патриоти, сите оние кои ја величаат македонштина, албанството и слични профитни идеолошки деривати, денес, сакале вие признале или не, упориштето им е во ДПМНЕ-овската идолатрија, Европа, нашата „мила” Македонија, нашата нација, сетоа тоа е само параван за пљачкање на „националната“ работа.

 

Знае Илија Д. што значи да уралаш Европа, да урлаш Македонија, а да пљачкаш за свој џеб. Знае и не престанува, затоа што нема на што да се држи, затоа што лебди, како во амбис, и ние сите, заедно со него, лебдиме како во амбис.

Leave a Reply

Your email address will not be published.