Kако да ја подобриме заедницата во која живееме?

Брзиот живот и борбата за секојдневно преживување не треба да ја истисне нашата одговорност да учествуваме активно во креирање и подобрување на заедницата. За 30 минути па и помалку, секој од нас може да направи разлика во заедницата во која живее.
Еве неколку идеи како и вие да допринесете.
1. Исчистете го ѓубрето додека одите по улица во вашето соседство. Соберете ги расфрланите пластични шишиња додека се движите по вашата улица и фрлете ги на места соодветни за тоа.
2. Пазарете во локални продавници, заштедувате пари, време но и им помагате на оние блиску до вас сопствениците на локалните бизниси.
3. Наједете ги позитивните аспекти на вашата заедница и споделете ги со другите. Позитивна слика ги поттикнува граѓаните да пазарат локално, и ја зголемува шансата да се отворат нови бизниси кои би го поттикнале растот и развојот.
4. посетете локален фестивал – било каков настан. Најголем дел од нив имаат бесплатен пристап и интересни активности. Голем дел од тие настани се организирани од невладини организации кои делуваат исто така за подобрување на заедницата и кои своите финансии и добиваат преку спонзорства и донации. Донаторите доделуваат пари во однос на посетеноста на настаните кои тие ги организираат. Истите пари потоа повторно се вложуваат од невладините организации за подобрување на заедницата во која живееме.
5. напишете писмо до локалната власт која вие сте ја избрале да ве претставува во локалното собрание, поттикнете ги да направат добри одлуки за заедницата. Луѓето се трудат повеќе ако знаат дека нивниот труд се цени или ако знаат дека нивната работа се надгледува.
6. засадете дрво во вашиот двор или соседство. Ако вашиот двор или блиска околина изгледа здраво, зелено, тоа ќе ги поттикне и останатите.
7. Дел од вечерата споделете со некој во вашето соседство кој не може да си го дозволи тоа – немора да е бездомник или финансиски немоќен човек, можеби само постаро лице кое нема кој да се грижи за него.
8. Барајте секакви прилики со кои може да придонесете во вашата заедница. Голем број организации на пример собираат предмете, храна, облека за оние кои имаат помалку и неможат да си го дозволат тоа.
9. Гласајте. Кај нас избори има се почесто, не оставајте други да одлучуваат за вашата заедница.
10. Поттикнете го вашиот работодавец да спонзорира локални настани, поттикнете го да биде дел од некоја граѓанска организација или да им дозволи на вработените да се дел од неа. Станете и вие дел од организација која работи за вашата заедница или граѓаните.
Ако секој од нас го “одработи” својот дел за заедницата, со тоа додаваме луѓе кон кругот на влијание и се здобиваме со можности да изградиме подобри врски меѓусебе. Исто така демонстрираме на нашите деца што значи да се биде добар граѓанин.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.