Kако да изберете идеални фармерки

Пред да тргнете во шопинг, прочитајте ги овие 10 џинс заповеди кои ќе ви помогнат да го пронајдете совршениот модел на фармерки.

1. Ако во текот на пробувањето лесно „влегувате“ во фармерките, задолжително пробајте и помал број.

2. Појасот треба да биде како скроен за вас! Ако можете да ставите 2 прста, тоа е ОК, ако можете да ја ставите целата рака – барајте нов број.

3. Позицијата на задните џебови е клучна за добриот изглед на задникот.

4. Моделите со вонконусен раб(кога бочниот раб преоѓа на предната страна) прави илузија на потенки нозе.

5. Фармерките перете ги така што ќе ги превртите наопаку и исклучиво само со друг џинс, бидејќи ја испуштаат препознатливата индиго боја.

6. Пред да ги кратите или тесните, задолжително исперете ги, бидејќи секогаш се собираат за околу 4%.

7. Немојте да ги сушите во машина за сушење или на печка, туку само на воздух. Џинсот не трпи топлина, па со тоа можете да го избегнувате и пеглањето.

8. Ако џебовите се многу ниско и прават задникот да ви изгледа „сплескано“, слободно отстранете ги и зашијте ги погоре.

9. Погледнете ја декларацијата на фармерките. Оние со мал процент на еластин се удобни и подобро се припиваат за телото. Ако процентот е поголем од 5%, моделот брзо ќе го промени обликот, што не е добро.

10. Износениот џинс секогаш може да ви се најде, не ги фрлајте своите „оld-timers“.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.