Како целосно да “исчезните” од интернет

Пред се, треба да ги посетите сите социјални мрежи, па потоа веб-страни, форуми и слично…па еден по еден да ги „средувате“ и да бришете слики, коментари и статуси поврзани со вас. Ова знае да биде навистина мачно. Доколку планирате да го правите ова во блиска, или пак далечна иднина, тогаш имаме една веб-страна за вас.

Веб-страната JustDelete.me ви помага на поедноставен начин да исчезнете од Интернетот и веб-страните. Развиена од британскиот веб-дизајнер Robb Lewis, JustDelete.me ви помага на брз начин да се избришете од најчесто користените веб-страни и социјални мрежи. Засега, вклучени се веб-страни како Facebook, Foursquare, Dropbox или Feedly.

JustDelete.me ги рангира страните според тоа колку тешко е да ги избришете сите работи поврзани со вас. На пример, Amazon.com и NewYorkTimes.com се рангирани како „hard“, додека пак IMDB.com и Paypal.com се рангирани како „easy“. Некои веб-страни, како на пример Pinterest или Netflix имаат престижен ранг од „impossible“!

Затоа, следниот пат кога ќе ве фати параноја дека некој ве набљудува, посетете ја оваа веб-страна!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.