Кафето може да го платите со бакнежи

Имено, во кафиќот Metro St. James во Сиднеј шолја кафе можете да платите со бакнеж. Бакнежот мора да биде баш “вистински” односно со него мора да покажете дека сте вљубени, а забрането е да ги бакнувате вработените во кафиќот.

На нивната Facebook страна стои: “Не ги прифаќаме вашите пари, само бакнежи”, а на овој начин кафето може да се добие бесплатно додека трае акцијата, цел Јуни од 9 до 11 наутро. Сопствениците на кафиќот изјавиле дека тоа го прават за да “ја одржат романтиката жива” во периодот на годината кога кај нив температурите паѓаат.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.