Качински имагинариум

За девет години на власт, премиерско-претседателскиот „близначки пар“ направи општ пичвајз и хаос, а на Македонија и подарија имиџ на земја од непријатни, пргави и паланечки ксенофоби 

 

Сигурно се сеќавате на Полските конзервативци, браќата-близнаци Јарослав и Лех Качински. Што е со нив, ќе се прашате, и каква врска имаат овие двајца сердари со нашата кукавичка егзистенција? Пољаците се извлекоа. Со двајцата браќа-близнаци, практично, а и’ метафизички, издржаа само две години и тоа им беше сосема доволно: го набркаа Јарослав Качински а Македонија повторно го има – после „милиони изборни циклуси“ – истиот бизарен премиер во Обединета Европа. Се одзива на Груевски, Јарослав Груевски, а на власт е благодарение на „милоста без преседан“ (метафора која објаснува една манифестација за една малку ценета човечка особина) на својот брат полу-близнак Лех Иванов, претседател на држава, кој за возврат му понуди премиерска функција, а овај другиот пак, за возврат му понуди… па, всушност ништо. То ест добија двајцата по нешто за својата партија (министерства, управни одбори, амбасади се згодна патерица), ама ништо за Македонија.

 

Оној луд полски Јарослав, појава каква и тука не се изнагледавме изминативе „независни“ декади на организирана будалаштина. Педесет и кусур годишен човек кој се’ уште живее со својата мајка и кој се’ уште не отворил сопствен жиро-рачун, ами парите ги добива на мајчината сметка, се’ најде во ситуација – како еден прибалтички мистер Ченс – да води влада на една стара и сериозна европска земја од триесет и осум милиони жители со полноправо членство во „евроатланскиот сојуз“, земја, која, читај: го дала еден Гомбрович и Шопен. 

 

Лудаците Качински тоа воопштон не ги импресинонирало: тие се угледале на тупоумниот Јанко и лудиот Милојко. Како сега пак тоа? Секоја будала има своја локална будала на која ќе се огледа. Секоја будала има своја локална будала која се вика Јанко и Миленко. Како што има и некој Боле и некој Јоле, доволно е само да е деминутив, да е кратенка, прекар од своето цело име… Исто како на времето кога УДБА од имињата на луѓето правела псевдоними, кратенки, прекари, само како би ги архивирала во своите фиоки, ама тоа е сосема друга тема, па да се вратиме на Качински имагинариумот во македонскиот контекст.

 

Што е проблемот, ќе речете, со браќата Качински? За две години на власт, премиерско-претседателскиот тандем, близнаци по “крв“, направија таков општ пичвајз, а Полска добива имиџ на земја во која живеат непријатни, пргави и паланечки ксенофоби кои од сите морално-интелектуални авторитети ги признаваат тупоумниот Јанко и лудиот Милојко! Тотално ги упропастија односите со Германија и Русија, однесувајќи се како со Германија да се’ уште владее Хитлер, а со Кремљ Сталин, на Европската унија и расплакаа мајче и загрозија животот на дневно ниво, не криеја исто така дека едвај ја прежалија смртната казна, ги исфрлија сите „неподобни писатели“ од школите со образложение дека тоа се луѓе кои го трујат „народниот морал“, удираа харанга на непостоечката „хомосексуална пропаганда“, имаа извесно несогласување со Дарвин, кокетираа со ултракатоличкото и антисемитското Радио Марија кое отворено ги поддржуваше, покренаа таканаречена лустрација која се сведе на истерување на вештерки и малтретирање на недолжни луѓе. Можело слободно да се рече дека во тоа време во Полска се’ било мрачно и владеела „ентропија на распаѓање“, освен економијата, која за некое чудо – растела; некои тамошни дркаџии велеле дека тоа било затоа што „браќата Качински не ја чепкале економијата“, то ест, ја оставиле на мира, бавејќи се квази-идеолошки егзорцизам и глупирање низ светот. 

 

Пазете, дури ни статистички добрата економија не ја запрела Полска да младите се иселуваат кон отворената Европа, нарочито иселувањето одело кон британско-ирските острови: западна Европа ја преплавиле полските работници, легални и илегални. Е, сега, кога дошло време – што е битно да се каже – пољаците не ги заборавиле сите лудила на браќата Качински – и масовно гласале на изборите против Јарослав Качински и ВИСТИНСКИ (а не лажно!) за Европска Полска. Пазете уште нешто: Пољаците од странство (она што кај нас се вика „емиграција“) гласаат во интерес на Полска; како нашиве млади или стари кои заработуваат во Америка, Германија, Англија, и од тамо, пази, со години, јебем ли ги, водат дркаџиска-виртуелна-војна против Европска унија, НАТО и неизбежниот Нов Светски Поредок, а со самото тоа агитирање, артикулацијата ја насочуваат директно кон нашите пролупани клошари и лудаци. На последиците, мајчините, не сакаат да им присуствуваат. Таквото задоволство ни го препуштаат нам.

 

Гледате, Пољаците го окончаа лудилото Качински кое тргнало хазардерски да се движи од онаа страна на умот, излет, ма колку и да бил непријатен и бесмислен, сепак на Полска не и нанело никаква трајна и суштинска штета: ем кратко траело, ем Полска со никого не завојувала ниту се изолирала во меѓувреме. Не, Полска и понатаму била во истиот воз со другите.

 

Со Македонија работите и понатаму се драматично поинакви. Неа не и прети никакво губење на „идентитетот во обединета Европа“, оти оваа земја не можеш да ја помешаш со било која друга земја, за, нели, после да речеш дека „Македонија го изгуби својот идентитет“. Овде, во ваква Македонија – и гигантски метеор да падне, тука нема ништо да се почувствува: имаме ние, бре, наша работа! Додуша, нашата работа треба да биде кај суверенитетот на обединети европски народи, ама кој сега да внимава на такви формалистички работи?

 

Да заклучиме. Македонија со ваков премиер, со ваква сенка од бескрвен претседател и мрсомудињи од министри, со ваква политика која повеќе и’ не крие дека единствен план е да ги пушти сите лудаци од „аладиновата ламба“, Македонија изгледа како некаква анти-утописка проекција на некоја можна, а сепак неможна Полска, онаква Полска каква еднаш можеше да биде, само ако трајно го изгубеше разумот. Колку и да бил лош, пролупан Јарослав Качински, тој човек е мало дете за Јарослав Никола, тој, бре, барем влегов во Европската куќа па дури потоа почнал да го крши мебелот, столиците, да им лепи мастики под масите…

 

Овде, со нашите Јарослави, како целта да им е да не влеземе во Европа, вртејќи ја главата на другата страна (кон задгробниот живот на Совестскиот сојуз кој можеби и не постои?), а кога ќе се налутат ќе тргнат богами и да ги кршат, онака осветнички и бесно нејзините надворешни sидови, боси, онака, со завратени пантални штедејќи се да не им фатата ногавиците влага или реума.

Leave a Reply

Your email address will not be published.