Јужноафриканка стана кавадаречка снаа

– Се запознавме додека и двајцата работевме на брод. Се вљубивме на прв поглед и по само четириесетдневна врска, ја побарав за жена. Тоа ми беше најкратката љубовна врска во животот, но, ете, некако во себе чувствував дека таа е вистинската за мене. Се свршивме на Kарипските Острови – откри младиот кавадарчанец за „Дневник“.

Во моментов Бебеџакови живеат во градот Kејптаун во Јужна Африка, 450 километри оддалечен од Џорџ.

– Таа работи како претставник на хотел и ја подготвува својата магистратура по бизнис и администрација, а јас за шест месеци ќе дипломирам на градежниот факултет таму. Во Македонија сме дојдени на неколку дена, а потоа продолжуваме со нашиот живот таму, на околу 15 илјади километри одовде – вели Бебеџаков.

Јужноафриканската Република ја замислувал сосема поинаку пред да ја види таа земја.

– Мислев дека таму тигри и лавови шетаат на улиците, а всушност стварноста е дека таму Западот дошол многу одамна – рече Бебеџаков.

Додека разговаравме, насмевката не и се симна од лицето на 36-годишната кавадаречка снаа. Рече дека и се допаѓа во Македонија, иако за неа не знаела ништо се додека не го сретнала Марјан. Воодушевена е од Попова Шапка. Ја прашавме дали ги пробала тиквешкото вино и домашната ж`та, која се произведува во најголемиот лозаровинарски регион во земјава од каде што потекнува нејзиниот избраник.

– Виното што се произведува тука е многу убаво, многу ми се допаѓа. Ракијата право да ви кажам не можам да ја пијам, многу е силна за мене – ни рече оваа пријатна жена, која веќе има научено неколку македонски збора, а знае и некои од сочните тиквешки пцости, кои се секојдневие за Тиквешаните.

Ја задевавме малку дека обично жените не сакаат да живеат во заедница со своите свекрви и дека од тој аспект таа има среќа. Таа ја прифати шегата, но заедно со Марјан ни објаснија дека најубаво е кога двајца млади живеат независно од родителите и самите си го организираат животот.

Тие се доказ дека љубовта не познава граници. За нивната љубов тие веќе започнале да пишуваат и книга.

Светлана Дарудова, Дневник 

Leave a Reply

Your email address will not be published.