(Видео) Галатасарај го изненади Јувентус

Голема грешка во првото полувреме направи Бонучи, враќајќи му ја топката на Буфон, тоа го искористи Дидие Дрогба и во 36.минута го доведе турскиот тим во водство од 0-1. Долго време составот на Антонио Конте напаѓаше, но не можеше да најде начин за да израмни, а во 78.минута од пенал погоди Артуро Видал за 1-1. Беше навистина лудо во завршницата. Квалјарела во 87.минута постигна погодок за италијанскиот тим, но фудбалерите на „старата дама“ речиси уште се радуваа, а на спротивната страна возврати Умут Булут, за конечни 2-2.

Leave a Reply

Your email address will not be published.