“ЈП Комуналец” со смрдливо добредојде за учениците од Кавадарци

Шок и запрепастувачка глетка ги пречека родителите и учениците на влезот од детската градинка Рада Поцева во Кавадарци

Првиот училишен ден, на дечињата од детската градинка “Рада Поцева” од Кавадарци, објект “Детелинка” кој се наоѓа до основното училиште “Тошо Велков-Пепето” од Кавадарци, ќе им остане во трајно сеќавање. Страшна гледка од купиште ѓубре, преполн контејнер, непријатна миризба која се шири на далеку ги пресретна утрово вработените, родителите и децата на првиот училишен ден.

Реакции од сите страни. Најмногу од оние граѓани кои живеат во околните куќи. Велат дека ова не е од денеска, ами со месеци наназад. Велат дека еден мал контејнер е премалку за ѓубриштето кое секојдневно се собира што од градинката, што од локалните жители. Контејнерот очигледно дека не може да го собира целиот смет. Нека засукаат раце одговорните во Комуналец и почесто да го собираат ѓубрето, велат граѓаните.

комуналец

Од она што може да се забележи на терен, местото претставува потенцијална зараза која незабележано поминува кај градските власти. Очигледно дека Јавното претпријатие “Комуналец” од Кавадарци, чиј буџет се полни од данокот на вработените во детските градинки, од родителите и граѓаните кои живеат во околните куќи, не е на висина на задачата. Ова не смее да се случува во една урбана средина каде најмногу транзитира најмладата популација.

Leave a Reply

Your email address will not be published.