Јој, разлике, драстичне!

Се сетив на таа реплика на Бранко Ѓуриќ од „Топ листа надреалиста“ додека маскиран во квазимакедонски националистички гомнојадец, среде славните експонати од иста провиниенција во Муу Зејот на смртта, веднаш, тука, под Ванчота Михајлов, се обидував да извлечам жива глава пред терористичките напади на медиумските шалабајзери на вмровската инсталација и на нивниот шарловиден лидершип врз предизборните сетила на Македонците што нивниот режим, во меѓувреме, успеа да ги декомпонира во Ништо!

„Јој разлике, драстичне“, така, мислам, потоа, зборуваше и човекот (Неле Карајлиќ) кој можеше да одглуми нешто позитивно во радикалната критика на неповторливата држава во распаѓање, но одбра да ја игра улогата на великосрпска будала заедно со Немања Кустурица, а така говори и будалата кој, во меѓувреме, успеа да стане премиер, прајминистер, јебо те бог да те јебо, на Бившата држава на Македонците и да направи одвратно драстична разлика, невиден отклон од нормалноста и здраворазумноста, прво за себе, а потоа и за целото општество! Нејсе!

Нашата ситуација е, значи, малкуцку поапсурдна! Апелот да се забележи разликата кај нас доаѓа од една политичка сила која во својата психопатологија не е во состојба да разбере дека разликата е толку драстична што по таа линија ние како граѓани имаме природно право не само да ја победиме во еден минимално пристоен натпревар, туку и да ја исшутираме како шутирачка мачка (Малнар) преку оградата на општиот разум! Милион пати сум напишал дека тие чипирани идиоти не се од овој свет и дека треба да се уништат на дното на некој океан како сириско оружје за масовно уништување или во близината на првата црна дупка во вселената! Никогаш не ми било јасно зошто за овој исклучителен феномен не се расправа во Женева!

Во паролата на Внатрешната антимакедонска и антицивилизациска организација, на инсталацијата, значи, со крајно сериозни карактеристики на административен, политички, културен и телесен терор во своето идејно и оперативно портфолио, демек во паролата „има разлика“ како идеја за некаква победничка референца, има знак дека ние си имаме работа со лудаци! Кои ги слават реформите како феномен на смртта (во здравството, да речеме) или на исчезнувањето (во светот на нормалноста и пристојноста!). Опасно е да глумиме дека сме фини или да бидеме фини затоа што не сме во состојба да сфатиме за што тука станува збор!

Опозицијата и сето граѓанство треба да ја прифатат вмровската парола „има разлика“ како клучен критериум на историскиот миг, како вододелница од која ќе зависи дали нашата река ќе се влее во јадранско-јонскиот регион на западната култура или ќе ѝ припаднеме на кримскоцрноморската зона во која лавот одамна има абдицирано од животинскиот престол во корист на руската мечка! Доминантното чувство кое денеска ја форматира разликата е чувството на безнадежност и бесмисла, на свеста дека сите што цело време говореа за дефектите на македонската национална и државна конституција имале право, на срамот што луѓето се од Македонија, посебно, пак, на срамот ако се Македонци во етничка смисла, што и да значи тоа, на чувството на историската третокласност за која не само што нема место на светската историска сцена, туку и не треба да има, на чувството на траен хендикеп, на културно, јазично, естетски и на секој друг начин хендикепрани луѓе, на разорената смисла, на институционалниот и правен поредок разорен пред арбитрарните амбиции на лудиот популизам, односно на парадниот лудак популистичко-фашистичкоиден, на претседателот од кој, верувам, се срамат и полжавите во дворот на бесмислената резиденција на Водно…!!! Тоа е битната разлика, „Скопје 2014“ е одвратна материја, но, сепак, само материја!

Секогаш сме си ги влечеле со себе своите комплекси, но и со нив до пред инвазијата на чипираните идиоти на вемерето бевме во состојба да се конституираме како блага, питома, граѓанска и европски ориентирана заедница! Сега сме ништо и во таа смисла разлика не само што има, туку е и драстична! Проектите, дури и добрите проекти, а да не зборуваме за проектите за прераспределба на националното богатство во приватни џебови преку градежно-комуналната варијанта на невидената и бескрупулозна пљачка, не можат да бидат компензација за отсуството на нормална политика која е нормална по тоа што се однесува на општото добро, а не на конституцијата на едно лудачко малцинство во богата, но смешна, односно трагичносмешна елита! И странските инвестиции не можат да ја камуфлираат разореноста на општеството затоа што и тие се чин на трагичното осиромашување и обезличување на човекот преку навредливи, под секое достоинство, лични доходи на нововработените и преку културното форматирање на луѓето под секое човечко и национално ниво. Сто илјади нови работни места во таа констелација значат сто илјади роботизирани деперсонализирани поединци!

Речиси дека на луѓето им е подобро да фатат место пред некој слободен семафор отколку да се вработи во странската инвестиција на Груевски. Енд Зоки, оф корс! Не постои проект кој може да ја компензира штетата од лудачкото барање за 62 пратеника за да не го уценувала ДУИ. Тоа е како да имате капетан на брод кој бара од патниците да го исушат морето за да ги избегне опасностите на бурата! Или така некако!Драстично различно од елементарниот разум е да одбиеш да разбереш дека твојата мисија како политичар е да ја хармонизираш историската проекција на Македонија со нејзината внатрешна суштина, а не да се бориш против безмалку природните процеси на ширење на политичкото и културно и јазично влијание на еден народ!

Треба да бидеме чесни кон себе и да кажеме дека ние немаме никакви гаранции дека со Пендаровски и со Заев ќе ја вратиме излеаната река во европското корито на нормалните нации, но имаме оверени гаранции дека со четиричлената банда на вемерето сме готови во секој поглед! Во секој поглед: национален, личен, фамилијарен, државен. Тоа дури се однесува и на корумпираната маса која за ситни пари и бесмислени вработувања и други ангажмани си дозволува да ја претвораат во стока! Ова се, сепак, малку повеќе од обични избори. Ние бираме меѓу сјајната личност на Пендаровски и капетанот на авионот на „Македонија ерлајнс“ пред исчезнување, бираме меѓу Надвојводата Шарло кој е толку различен што ги прави основани сомневањата дека не е од тука и еден амбициозен и посветен човек каков што е Заев, бираме меѓу ВМРО и СДСМ, но најважно е дека бираме меѓу нас и нешто што ние не сме!

Leave a Reply

Your email address will not be published.