Jапонците ќе градат подводен дом за 5000 луѓе

Освен простор за живот, под вода би била поставена и истражувачка станица, фабрика за производство на енергија и храна.
Жил Верн пипувал за морските дклабочини и небеските височини. Иако тој се смета за фантазер, жиотот под море може да стане реалност, особено ако се земе во предвид планот на оваа јапонска компанија.
“Ова е реална цел, а не сон” истакнал Хидео Имамура, портпарол на компанијата.
Големиот подводен град би имал спирален облик и би бил составен о три дела првиот сегмент би се наоѓал близу површината, а би го сочинувала сфера со пречник од 500 метри, во која би биле сместени градини за одгледување на храна. На вториот среден де, на околу три до четири метри длабочини, ќе биде изграден истражувачки центар и постројки за производство на метан заедно со јаглерод – диоксид, користејќи микроорганизми наречени метаногени.
Постои и идеа да се произведува електрична енергија користејќи ја температурната разлика во нивоата на морската вода – концепт познат како океанска термална енергетска конверзија.
Океанската спирала, со помош на хидрауличниот притисок би произведувала десаленизирана вода, а околу спиралата би се организирале фарми од риби.
“Океанот нуди бесконечна количина можности и овој проект ќе помогне за нивна реализација”, велат од јапонската компанија.
Трошоците за градење се проценети на околу 25 милијарди долари, а фазата на градење се очекува дека ќе трае околу пет години.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.