Japan Display – 2 QHD екран за паметни телефони

Но, како ова да не беше доволно, тие повторно најавија Ultra high resolution екран, но овојпат наменет за џебни мобилни уреди.

Новиот панел има резолуција која изнесува 1440×2560 пиксели и е достапен во две верзии – 5.4 инчна која има фантастична густина на пиксел која изнесува 554 ppi и 6.2 инчна која има 473 ppi густина на пиксел.

Верзијата со дијагонала од 5.4-инча има димензии кои изнесуваат 69.59×126.67×1.12 mm и нуди контраст од 1500:1, додека поголемата 6.2-инчна верзија има димензии кои изнесуваат 80.18×146.7×1.65 mm и нуди контраст од 1000:1.

Сè уште нема информација кога ќе започнат да се вградуваат овие диспплеи, но според брзиот тренд на напредок и зголемување на екраните на паметните уреди и нивната резолуција, секако дека нема да помине многу долго време.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.