Јануарски филмски проекции на ПРОЕКТ-ЕУ и www.mojotgrad.com
Проекциите се одржаа во Хотел Уни Палас во Кавадарци, каде беа прикажани филмовите “Грофот од Монте Кристо” и “Ние не сме анѓели 2”.
Денес во 19.00 часот ќе се одржи уште една филмска проекција – ќе го погледнеме документарецот “Конечна пресметка” во кој се опишани настаните од 5-ти Октомври 2000 година, денот кога беше соборен Слободан Милошевиќ.
Автори на овој документарец се Филип Шварм и Радослав Чеиќ која ја превзеле обврската да ги комплетираат впечатоците, сеќавањата и фактите. Да го откријат она што не било кажано или не се знаело. Искористени се исказите на 19 соговорници, од лидери на партии, полициски генерали, припадници на службата за безбедност, новинари до американскиот амбасадор Вилијам Монтгомери.
Ве покануваме да го погледнеме заедно.
Во прилог е и галеријата на фотографии од претходните проекции