Јанкуловска си “нарача” нов командир на кавадаречката полиција

Општина Кавадарци доби нов командир на полицијата. Станува збор за лицето Борче Мустеников кој со 11 гласа „за“ и 4 “против“ е избран за командир на кавадаречката полициската станица. Ваква одлука донесоа дел од кавадаречките советници на вчерашната 29-та седница на советот на општина Кавадарци.

sovetnik banjanskiКавадарерчкиот совет расправаше и одлучуваше за нов командир по предлог на министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, која полициските службеници ги нарекува “будалетинки” во еден од објавените прислушувани разговори објавени од опозицијата. Истата таа министерка Јанкуловска која говореше за конечна пресметка и разрешување со сите неистомисленици полициски припадници.

Покрај Мустеников за командир на кавадаречката полиција беа предложени и Тони Ангелов и Дејан Николов.

Дел од советниците со право протестираа на овој уште еден феномен кој се најде на дневен ред на кавадаречкиот совет. Советниците на СДСМ гласаа против предлогот за избор на команидр на полицијата во Кавадарци со образложение дека предлогот, за нив, нема легитимитиет.
„Ќе го игнорираме овој предлог бидејќи Јанкуловска треба да си даде оставка. Нејзиниот предлог нема лигитимитет“ рече советникот Зоран Бањански.

zarkov sovetnikСоветникот од ГРОМ, Димитар Зарков забележа дека ваквите готови предлози што доаѓаат до советот се штури со по една реченица од биографија на кандидатот.

„Потребна е програма како да се подобри бзбедноста во градот“ рече Зарков.

Leave a Reply

Your email address will not be published.