Шеќеринска: Јанкулоска дозволи окупација на општина Центар

– Оние кои ја нагрдија општина Центар, оние кои печалат од огромни бизнис зделки со урбаната мафија, сега сакаат да ги злоупотребат и власта и полицијата и верските чувства. Срамота е! Срамота е да се носат луѓе од администрација како контингенти за да опседнуваат! Најсрамно е однесувањето на министерот за внатрешни работи и инструкциите да не се штитат граѓаните, ниту нивните интереси, туку да се дозволи окупација. Мислам дека на општина Центар и се случува она што се случуваше во вториот и во третиот круг од локалните избори – вели Шеќеринска.
Таа реагира дека само по три дена по апелите на ВМРО-ДПМНЕ за соработка и за политичка култура, највисокиот партиски врв почнал да ја оцрнува опозицијата, посочувајќи го говорот на премиерот Никола Груевски на годишнината на партиската Унија на млади сили.
– Не е спорен речникот, ние не ни очекуваме друго освен критика на опозицијата, туку ниското ниво на комуникација. Ние знаеме кој го употребува терминот стари муштерии! Тоа е навреда за Македонија, за политичката култура и за сите македонски граѓани. Тоа говори за нервозата на ВМРО-ДПМНЕ, сега немаат со што да се фалат, па тргнаа да навредуваат, оцрнуваат и плукаат – вели пратеничката од редовите на најголемата опозициска партија. 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.