Јанкулоска и Јанакиески договараат казни врз бизниз секторот како и одземање на лиценци за работа

Во продолжение на објавувањето на аудио снимките од опозицијата се зборува како државниот врв договора како да се вршат притисоци врз фирмите, со колку пари да ги казнат, колку дуќани да затворат, а на тој начин да добијат повеќе гласови на изборите. Разговорите се меѓу Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска и нивни соговорници.

Во еден од разговорите, се објавува како под директива на директорот на Управата за јавни приходи, Горан Трајковски се затвораат фирми, а на неколку од нив се изречени и казни од 4.800 евра. Во дел од разговорите, од владејачката гарнитура договораат да се одземат лиценци на такси превозниците.

Leave a Reply

Your email address will not be published.