(ВИДЕО) Јанчев целиот избезумен му се нафрли на Китев со навреди и лаги!

На Груевски му гори под нозе, на Мијалков му е одземен пасошот а Јанчев се бламира кај ќе стигне

Дрзок, нарцисоиден, перверзен и навредувачки кон својот против кандидатот, ете таков беше денешниот говор на кандидатот на пајташот Н. Груевски и недоветниот С. Мијалков, односно кандидатот на ДПМНЕ криминалистичко, Митко Јанчев.

Јанчев во континуитет ги возвишува своите таканаречени “хуманитарни” дела врз кои се шлепи цела кампања во ситуација кога нема што конкретно да каже за благосостојбата и развојот на жителите од општина Кавадарци. Целиот избезумен во очигледна од авион паника и параноја како резултат од аперкатите кои му ги задаваат најблиските партиски пијавици околу него почнува да се препотува на прес конференциите, треси зелени, навредува.

На Груевски му гори под нозе, на Мијалков му е одземен пасошот а Јанчев се бламира кај ќе стигне ко жртвено јагне, ќе го спасува кавадаречко ДПМНЕ од сигурен пораз на 29-ти октомври.

Кога веќе Јанчев го повикува Китев да се откаже од пратеничката плата, што тој самиот не се откаже од државните концесии од кои црпи милиони денари? Или туѓо бараме, свое не даваме!

Погледнете од видеото како Јанчев се бламира пред кавадаречкиот електорат. Бруки невидени!